Здравствените власти на Уганда денеска прогласија крај на епидемијата од ебола. Во Уганда две лица починаа од ебола, кога во средината на мај беше прогласена епидемија од овој смртоносен вирус.

Последниот пациент заболен од ебола бил пуштен од болница во Уганда на 16 јули, со што почнува одбројувањето од 42 дена, по кое според Светската здравствена организација, земјата може да биде прогласена за слободна од вирусот.

Во соседно Конго епидемијата на ебола и натаму се шири со над 3.000 официјално пријавени случаи на ебола и повеќе од 1.000 мртви.

Слични новости

Хутите ја засилуваат контролата врз Баб ел Мандев – зазедоа уште еден стратешки остров во јужното Црвено Море

Хутите ја засилуваат контролата врз Баб ел Мандев – зазедоа уште еден стратешки остров во јужното Црвено Море

Хутите зазедоа уште еден стратешки важен остров во јужното Црвеното Море, соопштија нивните претставници, а потврда на таквата информација дојде и од владата во Сана. На тој начин, јеменските бунтовници дополнително ја засилија контролата над поморската рута Баб ел Мандеб.