Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, Маџид Хадеми, е убиен денес во напади на САД и на Израел, соопшти иранската револуционерна гарда.
Во соопштението на иранската револуционерна гарда, е наведено дека Хадеми пет децении имал голема улога во иранскиот разузнавачки и безбедносен апарат.
Ројтерс наведе дека иранските државни медиуми објавија дека Хадеми е мртов, но притоа не објавија детали.
Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац го оцени убиството на Хадеми, како отстранување на терорист. „Ќе продолжиме да ги ловиме еден по еден“, рече тој, нагласувајќи дека Израел веќе сериозно ја оштетил иранската челична и петрохемиска индустрија и дека ќе „продолжи со разурнување на иранската национална инфраструктура“.
Слични новости
Нови ирански напади врз американските бази во Катар, Кувајт и Ирак, погодени и товарни бродови во Ормутскиот теснец
Како што соопшти официјален Техеран, бил покренат и „масовен ракетен напад“ врз американската Пета флота во регионот и дека станува збор за најразурнувачкиот напад од почетокот на војната.
Американската војска тврди дека уништи 16 ирански бродови кои поставувале мини во Ормутскиот теснец, за што објави снимки
Американската војска тврди дека нападнала и уништила 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец, откако се појавија извештаи дека Иран почнал да поставува експлозивни направи во овој стратешки важен поморски пат.
„Њујорк тајмс“: Моџтаба Хамнеи ранет на првиот ден од војната
Повредата се случила за време на нападот врз станбен комплекс каде што се наоѓале неговиот татко и сопруга, кои загинаа. Степенот на повредата на Хамнеи сè уште не е јасен.


