Кошаркарите на Црвена ѕвезда убедливо го победија Панатинаикос со резултат од 86:68 во белградска Арена, во средата вечерта во воведниот натпревар во рамките на 9-то коло од Евролигата.

Ѕвездата сега е во серија од седум победи во елитното континентално натпреварување, што се случило само еднаш претходно.

Двата тима беа сериозно ослабени за овој дуел – Ѕвезда играше без Девонте Греам, Тајсон Картер, Изеа Кенан, Џордан Нвора, Хасиел Ривер и Џоел Боломбој, додека Панатинаикос беше без тројца центри, поточно Матијас Лесор, Омер Јуртсевен и Ришон Холмс.

„Црвено-белите“ влегоа жестоко во натпреварот веднаш наметнувајќи го своето темпо, додека играчите на Панатинаикос беа целосно надвор од ритам и промашуваа дури и многу „отворени“ шутови. Во првата делница грчкиот претставник беше лимитиран на само 12 поени, додека Ѕвезда ја градеше својата разлика на добрата одбрана и успеа да постигне 20 поени за 10 минути игра.

Џаред Батлер имаше неколку добри потези на крајот од првиот и почетокот на вториот период, во кој Ѕвезда беше во исклучително добро офанзивно расположение. Во некои моменти, гостите како да не беа стасани на мечот, промашуваа отворени шутеви, па Ѕвезда го зголеми водството (42:21).

Дури кон крајот на првото полувреме, домашните играчи направија неколку грешки, па Панатинаикос дојде до негатива од 12 поени, но Коди Милер-МекИнтајр беше маестрален во нападот, крадејќи ја топката и погодувајќи тројка за 46:32 на полувремето.

Ѕвезда продолжи да блеска во третата четвртина, особено во одбраната, па Панатинаикос беше ограничен на само осум поени. Сами Оџелеј доминираше на двете страни од теренот, Никола Калиниќ погоди тројка во важен момент, па на семафорот беше 67:40 на крајот од четвртината.

Следеше пад на „црвено-белите“ во последната делница која падна нивната концентрација, па Панатинаикос успеа да ја намали разликата но воопшто немаше сила и да дојде до шанса за голем пресврт. На крајот немаше драма, Ѕвезда завршницата ја одигра колку што требаше и заслужено оствари убедлива победа.

Најдобар кај Ѕвезда на овој натпревар беше Коди Милер-МекИнтајр со 14 поени, девет скока и седум асистенции, додека Чима Монеке имаше 14 поени и осум скока. Огњен Добриќ, исто така, беше двоцифрен со 10 поени и пет скока.

Кај Панатинаикос, Костас Слукас постигна 16 поени, додека Џеди Осман беше задржан на 14 коша, а Никос Рогавопулос на 12.

Црвена ѕвезда моментално е прва со резултат 7-2 и во следното коло ќе игра против Дубаи на гостински терен. Панатинаикос падна на пет победи и четири порази, и моментално е на осмото место.

globe

Слични новости

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Во дерби натпреварот од 15-то коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Атлетик Билбао на својот стадион „Сан Мамес“ во саботата вечерта го победија Атлетико Мадрид со минимални 1:0

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил е извлечен во „тешка група“ на Светското првенство во 2026 година, со Мароко, Шкотска и Хаити како негови противници, изјави селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по жрепката во Вашингтон