Кошаркарите на Њујорк поведоа со 1:0 против Филаделфија во полуфиналето на Источната конференција, откако на домашен терен победија со 137:98. Њујорк Никс беа предводени од Џејлен Бронсон кој постигна 35 коша на натпреварот, од кои дури 27 во првото полувреме.

Њујорк ја продолжи успешната низа во плеј офот и стана првиот тим во историјата на НБА кој има три последователни победи со повеќе од 25 коша разлика. Екипата на Њујорк доминираше со прецизен шут од игра (63 %) а во одредени мигови имаше и 40 поени разлика.

Во тимот на Филаделфија најефикасен беше Пол Џорџ со 17 коша, а Ембид постигна 14 кошеви, со слаб шут од игра 3 од 11. Вториот меч се игра доцна во среда навечер, исто така во Њујорк.

Слични новости

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.