Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Оклахома Тандерс на нивни терен со 140:127. Денвер постигна импресивни 140 поени против најдобрата одбрана во лигата предводен од Никола Јокиќ со 36 коша и 18 скокови и Џамал Мари кој постигна 34 коша.

Кај Оклахома најефикасен беше Лугенз Дорт кој постигна 26 коша, од кои 8 тројки што е негов личен рекорд, а Шеи Гилџес Александар за него имаше тивка ноќ со 25 поени и само 14 обиди од поле. Денвер со ова се реваншираше на Оклахома за поразот во неделата и резултатот меѓу овие два тима е израмнет 2:2.

Оклахома и натаму е убедливо прва на западот, а Денвер е втор со предност од две победи пред третопласираните Лејкерси.

 

Слични новости

Бостон ја забележа деветтата последователна победа

Бостон ја забележа деветтата последователна победа

Бостон Селтикс ја продолжи победничката серија на девет натпревари откако синоќа на домашен терен ја совлада Јута Џез со 114:108, а Сем Хаузер постигна девет „тројки“ и постигна рекордни 33 поени за победа на домашната екипа