Во акција на црногорската полиција вчера во Никшиќ е уапсен 19-годишен државјанин на Македонија, член на организирана криминална група врз основа на меѓународна потерница од Интерпол.
Тој бил член на Шкаљарскиот клан, a се сомничи дека сторил кривично дело убиство во обид против Марко Љубиша Кан, член на сопернички клан.
Вишото државно обвинителство во Подгорица му одреди притвор на Андреј Танасковски поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид против Марко Љубиша Кан, кривично дело недозволено држење и носење оружје и кривично дело фалсификување исправа, објави црногорскиот портал Вијести.
Танасковски бил приведен во стан во населба Видрован, а освен него, полицијата го уапсила и Нено Марковиќ од Никшиќ, за кого веруваат дека му помогнал да се сокрие.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
