Во акција на црногорската полиција вчера во Никшиќ е уапсен 19-годишен државјанин на Македонија, член на организирана криминална група врз основа на меѓународна потерница од Интерпол.
Тој бил член на Шкаљарскиот клан, a се сомничи дека сторил кривично дело убиство во обид против Марко Љубиша Кан, член на сопернички клан.
Вишото државно обвинителство во Подгорица му одреди притвор на Андреј Танасковски поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид против Марко Љубиша Кан, кривично дело недозволено држење и носење оружје и кривично дело фалсификување исправа, објави црногорскиот портал Вијести.
Танасковски бил приведен во стан во населба Видрован, а освен него, полицијата го уапсила и Нено Марковиќ од Никшиќ, за кого веруваат дека му помогнал да се сокрие.
Слични новости
Почина актерот Гоце Тодоровски
На 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер Гоце Тодоровски, објави неговото семејство. Ќе остане запаметен по улогите во „Македонски народни приказни“, „Бушава азбука“, „Балкан бенд“, „Трст виа Скопје“, „Солунски патрдии“, „Хихирику“
Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот во парк шумата во Гази Баба е ставен под контрола.
СДСМ: Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски
Сега влегуваат Евроњуз и Ало групата на Вучиќ. Врз многу од преостанатите независни медиуми се врши силен финансиски и уреднички притисок. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски.


