Во акција на црногорската полиција вчера во Никшиќ е уапсен 19-годишен државјанин на Македонија, член на организирана криминална група врз основа на меѓународна потерница од Интерпол.
Тој бил член на Шкаљарскиот клан, a се сомничи дека сторил кривично дело убиство во обид против Марко Љубиша Кан, член на сопернички клан.
Вишото државно обвинителство во Подгорица му одреди притвор на Андреј Танасковски поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид против Марко Љубиша Кан, кривично дело недозволено држење и носење оружје и кривично дело фалсификување исправа, објави црногорскиот портал Вијести.
Танасковски бил приведен во стан во населба Видрован, а освен него, полицијата го уапсила и Нено Марковиќ од Никшиќ, за кого веруваат дека му помогнал да се сокрие.
Слични новости
Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Денеска продолжува судењето за пожарот во Кочани
Денеска во судницата во Идризово со изведување на градежното вештачење на дискотеката „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, ќе продолжи судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Не чекајте да ожеднете, пијте течности, разладувајте го телото со млака вода
Институтот за јавно здравје апелира да се избегнува изложување на сонце, вклучително и работа и физичка активност на отворено, во периодот од 11 до 17 часот, да се носи лесна, светла и широка облека, очила за сонце и капа или шапка со широк обод.


