Маркус Џордан (34), помладиот син на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, е уапсен во Калифорнија под обвинение дека возел под дејство на алкохол, поседувал кокаин и дал отпор при апсењето.
Американските медиуми јавуваат дека Маркус Џордан удрил со своето Ламборџини во неколку конструкции пред железничка станица. Според официјалните документи, полицијата забележала светло на автомобилот на Џордан додека бил на шините. Кога се обиделе да му пријдат, виделе дека му се оштетени браниците и дека од под возилото биле исфрлени камења. Тој се обидел да побегне, но не успеал.
Маркус Џордан не сакал да излезе од автомобилот и постојано ги пцуел полицајците, но потоа признал дека бил во ноќен клуб и дека конзумирал алкохол. Кај него бил откриен и кокаин.
Маркус Џорадн се соочува со три обвиненија уништување јавен имот, поседување кокаин и попречување на полицајците да ја вршат работата. Откако ќе се плати кауцијата, тој ќе биде на слобода.
Слични новости
Гугл ќе ја користи вештачката интелигенција за правење оружје
Американската компанија Гугл веќе нема да ја исклучува можноста од користење на вештачката интелигенција (АИ) за развој на оружје и надзорни системи, соопшти нејзината матична компанија Алфабет.
Кање Вест во одбрана на неговата сопруга Бјанка Сенсори која на Греми наградите се појави речиси гола
Извори блиски до брачниот пар велат дека идејата на ова позирање била во функција на промоција на каверот на новиот албум на Вест „Vultures 1“.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” добитник на BSC Special Achievement Award
Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на ИФФК „Браќа Манаки“