Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село МАЛОТИНО ОД Општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. 

Како што велат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.

Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на Општина Старо Нагоричане. 

Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. 

 

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.