Федералната полиција на Бразил превентивно го уапси Жаир Болсонаро денес, неколку дена пред да започне со издржување на 27-годишната затворска казна за обид за државен удар, пишува Асошиејтед Прес.

Болсонаро  бил однесен во седиштето на полициските сили во главниот град Бразилија од домашен притвор. Во кратко соопштение, во кое не се споменува името на Болсонаро, полицијата изјави дека дејствувала по барање на Врховниот суд на Бразил.

Болсонаро беше ставен во домашен притвор на почетокот на август, неколку недели пред да биде осуден за државниот удар. Неговите адвокати побараа од Врховниот суд на Бразил да му дозволи на Болсонаро да ја издржува казната дома, наведувајќи ја неговата лоша здравствена состојба.

Локалните медиуми објавија дека се очекува Болсонаро, кој беше претседател на Бразил од 2019 до 2022 година, да започне со издржување на казната следната недела откако ќе ги исцрпи сите жалби против неговата пресуда за водење на обидот за државен удар.

Се очекува некои од поддржувачите на Болсонаро, кои тврдат дека тој е политички прогонуван, да се соберат пред седиштето на федералната полиција во текот на викендот.

 

 

Слични новости

ЕК ги отфрла критиките кон ЕУ во стратегијата на САД

ЕК ги отфрла критиките кон ЕУ во стратегијата на САД

Европската комисија на Урсула фон дер Лајен во петокот ги отфрли критиките на сметка на Европската унија во новиот американски документ во кој се опишува стратегијата за националната безбедност, а истовремено започнаа првите реакции меѓу европските политичари