Федералната полиција на Бразил превентивно го уапси Жаир Болсонаро денес, неколку дена пред да започне со издржување на 27-годишната затворска казна за обид за државен удар, пишува Асошиејтед Прес.
Болсонаро бил однесен во седиштето на полициските сили во главниот град Бразилија од домашен притвор. Во кратко соопштение, во кое не се споменува името на Болсонаро, полицијата изјави дека дејствувала по барање на Врховниот суд на Бразил.
Болсонаро беше ставен во домашен притвор на почетокот на август, неколку недели пред да биде осуден за државниот удар. Неговите адвокати побараа од Врховниот суд на Бразил да му дозволи на Болсонаро да ја издржува казната дома, наведувајќи ја неговата лоша здравствена состојба.
Локалните медиуми објавија дека се очекува Болсонаро, кој беше претседател на Бразил од 2019 до 2022 година, да започне со издржување на казната следната недела откако ќе ги исцрпи сите жалби против неговата пресуда за водење на обидот за државен удар.
Се очекува некои од поддржувачите на Болсонаро, кои тврдат дека тој е политички прогонуван, да се соберат пред седиштето на федералната полиција во текот на викендот.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


