Поради сомнение за криумчарење мигранти, двајца државјани на Косово се лишени од слобода. Полицијата во текот на вчерашниот ден во близина на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи вчера во 06:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги приведоа А. Г. (42) и Г. Г. (39), двајцата од Косово.
При контрола на автопатот Гевгелија – Неготино се запрени возило ‘фолксваген транспортер‘, управувано од А.Г., и ‘шкода октавија‘, управувана од Г.Г. Во комбето се пронајдени седум мигранти од Египет, а полициската истрага утврди дека возилото ‘шкода‘ служело како претходница“, велат од МВР.
Против двајцата косовски државјани е поднесена кривична пријава и им е определен 30-дневен притвор.
Слични новости
Четврток и петок сончево, викендов дождливо
УХМР прогнозира дека времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе има слаб локален дожд. Максималната температура ќе се движи од 20 до 30 степени.
Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти
Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија, објави Муцунски
Европската комисија (ЕК) става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора


