Поради сомнение за криумчарење мигранти, двајца државјани на Косово се лишени од слобода. Полицијата во текот на вчерашниот ден во близина на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи  вчера во 06:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги приведоа А. Г. (42) и Г. Г. (39), двајцата од Косово.

При контрола на автопатот Гевгелија – Неготино се запрени возило ‘фолксваген транспортер‘, управувано од А.Г., и ‘шкода октавија‘, управувана од Г.Г. Во комбето се пронајдени седум мигранти од Египет, а полициската истрага утврди дека возилото ‘шкода‘ служело како претходница“, велат од МВР.

 Против двајцата косовски државјани е поднесена кривична пријава и им е определен 30-дневен притвор.

Слични новости

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.