Поради сомнение за криумчарење мигранти, двајца државјани на Косово се лишени од слобода. Полицијата во текот на вчерашниот ден во близина на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи  вчера во 06:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги приведоа А. Г. (42) и Г. Г. (39), двајцата од Косово.

При контрола на автопатот Гевгелија – Неготино се запрени возило ‘фолксваген транспортер‘, управувано од А.Г., и ‘шкода октавија‘, управувана од Г.Г. Во комбето се пронајдени седум мигранти од Египет, а полициската истрага утврди дека возилото ‘шкода‘ служело како претходница“, велат од МВР.

 Против двајцата косовски државјани е поднесена кривична пријава и им е определен 30-дневен притвор.

Слични новости

СДСМ ја обвини владата дека не се справува ефикасно со кризата

СДСМ ја обвини владата дека не се справува ефикасно со кризата

Христијан Мицкоски секојдневно ги лаже граѓаните дека владата нешто следи и вели дека нема потреба да се преземат мерки. Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи, се наведува во соопштението од СДСМ.

Продолжува судењето за Стојанче Јовановски

Продолжува судењето за Стојанче Јовановски

Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела поврзани со семејно насилство и трагичната смрт на неговата сопруга Ивана Стојаноска и нивната 6-годишна ќерка. Случајот се однесува на настанот од 2 март, кога мајката и детето скокнаа од стан во скопската населба Тафталиџе.