Минстерството за внатрешни работи сподели информации со јавноста за ноќешната акција во која беше приведен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство поради барање на мито . Анакиев, како што соопшти МВР  го известил оштетеното лице дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник.

Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра.

По земањето на парите од страна на Анакиев преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени, соопшти полицијата.

Слични новости

АВМУ: Пресудата против Лиридона Вејсели е притисок врз медиумите

Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.

Од утре почнува да казнува „Сејф сити“

Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција.