Уапсена е прилепчанката која живеела во Тетово и физички го малтретирала и го фрлила на асфалт своето тримесечно бебе. Новороденчето го спасиле случајни минувачи, кои пријавиле во полиција.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Тетово вчера ја лишиле од слобода, а подоцна уапсиле и едно лице од селото Сараќино.

Претходно, во СВР Тетово било пријавено дека В.М. била забележана како физички го малтретира и удира на асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот. За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, посочуваат од МВР.

 

Слични новости

Штрајкуваат грчките цариници – од 05 до 09 часот ограничувања на граничните премини со Грција

Штрајкуваат грчките цариници – од 05 до 09 часот ограничувања на граничните премини со Грција

Денеска почна штрајк на грчките царински службеници, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време. Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран).

Гостивар денеска треба да добие вода за пиење

Гостивар денеска треба да добие вода за пиење

Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба.

Почина актерот Гоце Тодоровски

Почина актерот Гоце Тодоровски

На 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер Гоце Тодоровски, објави неговото семејство. Ќе остане запаметен по улогите во „Македонски народни приказни“, „Бушава азбука“, „Балкан бенд“, „Трст виа Скопје“, „Солунски патрдии“, „Хихирику“