Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и  Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.

Како што соопштија од Обвинителството денеска треба да се донесе одлука какви мерки ќе се бараат за нив.

Според досегашната истрага, тие тројца се осомничени дека дале наредба да се постават пумпи во близина на водоводот за да го зголема притисокот на водата. 

 

Наместо тоа, дошло до мешање на контаминираната отпадна вода со водата за пиење на гостиварчани. Само на 14 јули околу 300 затруени гостиварчани побарале лекраска помош.

Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани тогаш тврдеше дека станува збор за труење со храна.

Слични новости

Македонија во портокалова тревога поради жешкото време

Македонија во портокалова тревога поради жешкото време

Управата за хидрометеоролошки работи и Институтот за јавно здравје предупредуваат дека температурите до 7 август ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени, додека високите ноќни температури ќе создаваат таканаречени „тропски ноќи“.

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ

ВЛЕН тврди дека Законот за правична и соодветна застапеност е на маса, а ДУИ го блокира. Бадентеровиот механизам, кој треба да ги штити интересите на заедниците, ДУИ го претвори во партиски камшик, со кој удира по секое решение што не го носи нивниот печат.