Полскиот премиер Доналд Туск остро го предупреди Киев, истакнувајќи дека корупцијата претставува сериозен ризик кој би можел да доведе до пораз на Украина во војната.

Туск порача и дека ваков совет му упатил и лично на претседателот Зеленски и го повика да биде внимателен со корупцијата во неговото опкружување, затоа што е тоа клучно за неговиот углед.

Предупредувањето доаѓа во момент кога западните сојузници на Киев се поотворено изразуваат загриженост поради внатрешните проблеми во Украина.

Полскиот премиер истакна дека корупциските скандали негативно влијаат врз подготверноста на западните земји да ја помагаат Украина.

Претходно Њујорк тајмс напиша дека корупциските скандали во Украина ја загрозуваат поддршката на Зеленски во странство, отежнувајќи ги дипломатските напори на Киев да обезбеди финансиска и воена помош.

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе