Полскиот премиер Доналд Туск по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ, рече дека гледа причина за загриженост, но не и за страв, бидејќи Полска има добри одговори на кризите како што се царинската војна, војната во Украина, растот на екстремната десница и популистите и илегалната миграција.
Полска во моментов претседава со Европската Унија.
„Последните настани секако се загрижувачки, најавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за ЕУ и Полска, интензивирањето на борбите во Украина, зајакнувањето на радикалните про-путин сили во Европа или илегалната миграција.
Да, има причина за загриженост, но не од страв“, рече Туск во видео пораката до Полјаците на социјалните мрежи. Водиме мудра, но цврста миграциска политика и добра надворешна политика. Добивме вистинско автентично лидерство во Европа.
Се е во наши раце. Подготвени сме за различни сценарија. Без страв , но трезвено и без комплекси“, изјави полскиот премиер.
Слични новости
Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини
Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот, додека ние стоиме и гледаме, заврши, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл
Во Јапонија забележан рекорден број на странски работници
Јапонија забележа најголем годишен пораст на бројот на странски работници од кога се бележат податоците, соопшти денеска владата во Токио, додека...
Американската економија забави на крајот на 2024-та
Американската економија благо забавила во четвртиот квартал, покажаа прелиминарните проценки на Министерството за труд објавени во четвртокот