Полскиот премиер Доналд Туск по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ, рече дека гледа причина за загриженост, но не и за страв, бидејќи Полска има добри одговори на кризите како што се царинската војна, војната во Украина, растот на екстремната десница и популистите и илегалната миграција.

Полска во моментов претседава со Европската Унија.

„Последните настани секако се загрижувачки, најавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за ЕУ ​​и Полска, интензивирањето на борбите во Украина, зајакнувањето на радикалните про-путин сили во Европа или илегалната миграција.

Да, има причина за загриженост, но не од страв“, рече Туск во видео пораката до Полјаците на социјалните мрежи. Водиме мудра, но цврста миграциска политика и добра надворешна политика. Добивме вистинско автентично лидерство во Европа.

Се е во наши раце. Подготвени сме за различни сценарија. Без страв , но трезвено и без комплекси“, изјави полскиот премиер.

Слични новости

Зголемени испораките на руски гас во Европа преку Турскиот тек

Зголемени испораките на руски гас во Европа преку Турскиот тек

Испораките на руски гас преку Турскиот тек за Европа се зголемени за 26,7 отсто во однос на јануари минатата година и достигнаа рекордни вредности, покажуваат податоците на Европската мрежа на оператори на гасни системи.