Полскиот премиер Доналд Туск по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ, рече дека гледа причина за загриженост, но не и за страв, бидејќи Полска има добри одговори на кризите како што се царинската војна, војната во Украина, растот на екстремната десница и популистите и илегалната миграција.

Полска во моментов претседава со Европската Унија.

„Последните настани секако се загрижувачки, најавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за ЕУ ​​и Полска, интензивирањето на борбите во Украина, зајакнувањето на радикалните про-путин сили во Европа или илегалната миграција.

Да, има причина за загриженост, но не од страв“, рече Туск во видео пораката до Полјаците на социјалните мрежи. Водиме мудра, но цврста миграциска политика и добра надворешна политика. Добивме вистинско автентично лидерство во Европа.

Се е во наши раце. Подготвени сме за различни сценарија. Без страв , но трезвено и без комплекси“, изјави полскиот премиер.

Слични новости

Благ раст на европските и азиските берзи

Благ раст на европските и азиските берзи

На европските берзи се тргуваше претпазливо во четвртокот претпладнето, додека инвеститорите ги очекуваа одлуките од состанокот на челниците на Европската централна банка (ЕСВ) и се надеваа на дополнително намалување на каматните стапки

Пад на Волстрит, Fed не ги промени каматите

Пад на Волстрит, Fed не ги промени каматите

Цените на акциите паднаа на Волстрит во средата, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите се фокусираа на состанокот на челниците на американската централна банка, кои ги оставија каматните стапки непроменети