Полска не планира да испрати војници во соседна Украина, изјави во четвртокот премиерот Доналд Туск, поради шпекулациите дека западните сили би можеле да испратат војници во земјата доколку се постигне договор за прекин на огнот со Русија.

Туск го изјави ова по разговорите во Варшава со францускиот претседател Емануел Макрон, како дел од дипломатските напори на европските сили да му покажат на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека сакаат да понесат дел од товарот за завршување на речиси тригодишната војна во Украина.

„Со цел да се стави крај на шпекулациите за потенцијалното присуство на оваа или онаа земја во Украина по постигнување на примирје… значи, одлуките што се однесуваат на Полска ќе се носат во Варшава и само во Варшава. Засега не планираме такви активности“, изјави Туск.

Макрон рече дека Украина треба да одлучи какви отстапки сака да направи за да се постигне мир, но нагласи дека е важно Европејците да преземат одговорност за безбедноста на континентот, бидејќи ова е сега во фокусот со оглед на претстојното враќање на Трамп во Белата куќа.

На прес-конференцијата со Туск, Макрон посочи дека „нема безбедност во Европа без Европејци“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц не присуствуваше на разговорите во Варшава, но во четвртокот во Берлин изјави дека е во постојан контакт со Туск и Макрон.

Извор од германската влада рече дека тој смета дека дискусијата за копнените воени сили како дел од безбедносните гаранции за Украина е „помалку налик на петтиот чекор пред вториот“.

globe

Слични новости

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Обвинителите во Боливија издадоа нагог за апсење против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес кој е обвинет за трговија со луѓе, вклучувајќи и 15 годишно девојче со кое наводно има добиено дете.