Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата.
Според Фон дер Лајен, оваа сума треба да се додаде на речиси 10 милијарди евра што Анкара ги доби од 2011 година за да им помогне на луѓето кои бегаат од граѓанската војна меѓу сунитските бунтовници и социјалистичкиот режим на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој сега е соборен од власт.
Речиси три милиони сириски бегалци живеат во Турција, а повеќе од милион добија азил во Европската унија.
Новите пари треба да се искористат за здравство и образование, но и за управување со границите и финансирање на доброволното враќање на бегалците, рече шефицата на Комисијата.
„Едно е јасно, сите враќања мора да бидат доброволни, безбедни и достоинствени. Работиме со УНХЦР за да се осигураме дека се исполнети сите неопходни услови“, рече Фон дер Лајен зборувајќи заедно со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара.
Ердоган рече дека долгорочната и сеопфатна помош на ЕУ, вклучително и инвестициите во основната инфраструктура во Сирија, е од суштинско значење за да им се овозможи на Сиријците да се вратат дома.
По средбата и Ердоган и Фон дер Лајен ја истакнаа потребата од постигнување стабилност и зачувување на единството на Сирија.
„Турција има клучна улога во стабилизирањето на регионот“, рече Фон дер Лајен.
ЕУ во вторникот објави дека повторно ќе ја отвори својата делегација во Дамаск.
„Сега мора да ги засилиме нашите напори и да продолжиме со нашиот директен ангажман со ХТС и другите фракции“, рече претседателот на ЕК.
Исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам (HTS), наследничка на џихадистичката групација Џебхат ан-Нусра односно сириското крило на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, која е главната група која помогната од турските воени единици во Сирија ја започна офанзивата со која беше соборен Асад, е на листата на ОН на терористички организации и е санкционирана од меѓународната заедница, вклучително и ЕУ.
Слични новости
Двајца убиени во престрелка во атинската општина Глифада
Во центарот на елитната атинска приморска општина Глифада, недалеку од плоштадот Караискаки дојде до пререлка во која двајца луѓе се убиени, а еден е ранет.
БиХ: Градоначалникот на Бања Лука се судри со полицијата, Додик во болница во Белград
Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, во неделата вечерта се судри со полицајците кои застанаа на страната на властите на Република Српска и се обидоа да го спречат да постави препреки на паркингот што се користи од страна на ентитетската влада
„Крадци“ – Романците протестираат по поништувањето на изборите
Романците протестираа пред едно избирачко место во близина на Букурешт во неделата заедно со крајно десничарскиот претседателски кандидат Калин Џорџеску, откако Уставниот суд ги поништи изборите по наводите за наводно руско мешање во првиот круг гласање