По масовното заминување на инвеститотите од Блискиот исток поради војната со Иран, Турција сака да го искористи моментот и да ги привлече странските инвеститори со големи даночни олеснувања.

Во почетокот на мај во парламентот е испратен пакет закони чија цел е Турција да стане атрактивна локација за странскиот капитал.

Со законот, секој што од странство ќе регистрира имот во Турција – девизи, злато или хартии од вредност, од 31 јули 2027 ќе добие 20 годишно ослободување од данок на добивка остварен во странство.

Освен тоа, стапката на данок за наследство и подароци ќе биде намалена на само 1 насто.

 

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.