Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.
Според информациите на турските медиуми, осомничениот за време на нападот испукувал куршуми на оддалеченост меѓу 80 и 110 метри од училиштето.
Со истрагата е утврдено дека осомничениот еден месец пред нападот вежбал гаѓање со пушката на неговата баба, а муницијата ја купил од продавница за ловечка опрема.
Меѓу приведените се родителите, како и бабата и дедото на осомничениот, некои роднини, како и сопственикот на продавницата за ловечка опрема во која е купена муницијата.
Осомничениот бил во 9-то одделение на основно училиште, но не доаѓал на наставата.
Слични новости
Европската комисија го казни Гугл со 890 милиони евра
Европската комисија денеска и изрече две кази на американската технолошка компанија „Гугл“ во вкупен износ од 890 милиони евра поради кршење на Законот за дигитални пазари, откако утврди дека американскиот технолошки гигант ја злоупотребил својата доминантна позиција на сопствениот интернет пребарувач.
САД издвојуваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп.
Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената
Виктор Орбан ја обвини новата унгарска влада за „тиранија“
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските обвинители ги заплениле серверите на неговата партија „Фидес“ и ја обвини владата на премиерот Петер Маѓар дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем, повикувајќи ги своите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“.


