Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.

Според информациите на турските медиуми, осомничениот за време на нападот испукувал куршуми на оддалеченост меѓу 80 и 110 метри од училиштето.

Со истрагата е утврдено дека осомничениот еден месец пред нападот вежбал гаѓање со пушката на неговата баба, а муницијата ја купил од продавница за ловечка опрема.

Меѓу приведените се родителите, како и бабата и дедото на осомничениот, некои роднини, како и сопственикот на продавницата за ловечка опрема во која е купена муницијата.

Осомничениот бил во 9-то одделение на основно училиште, но не доаѓал на наставата.

Слични новости

Големите пожари во Грција и Белгија ставени под контрола

Големите пожари во Грција и Белгија ставени под контрола

Пожарот во Грција на полуостровото Пилон во близина на Атина во текот на минатата ноќ бил делумно ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот кој е најинтензивен во населбата Коропи учествуваат 27 пожарникари со девет возила, пренесува грчкиот весник Прото тема.

Израелските авиони повторно го гаѓаа југот на Либан, силни експлозии во повеќе градови

Израелските авиони повторно го гаѓаа југот на Либан, силни експлозии во повеќе градови

Тензиите на Блискиот исток не спласнуваат. Израелските воени авиони во текот на ноќта извршија воздушни напади врз градот Мансури на југот од Либан, а низ градот одекнувале силни експлозии.