Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.

Според информациите на турските медиуми, осомничениот за време на нападот испукувал куршуми на оддалеченост меѓу 80 и 110 метри од училиштето.

Со истрагата е утврдено дека осомничениот еден месец пред нападот вежбал гаѓање со пушката на неговата баба, а муницијата ја купил од продавница за ловечка опрема.

Меѓу приведените се родителите, како и бабата и дедото на осомничениот, некои роднини, како и сопственикот на продавницата за ловечка опрема во која е купена муницијата.

Осомничениот бил во 9-то одделение на основно училиште, но не доаѓал на наставата.

Слични новости

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар изби над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, кој добива загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста се евакуирани локални жители и туристи до целосно стабилизирање на состојбата.