На новата администрација во Сирија треба да ѝ се даде шанса да владее по нејзините конструктивни пораки, а Турција е подготвена да обезбеди воена обука доколку се побара таква помош, изјави турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер.
Членката на НАТО, Турција ги поддржа сириските бунтовници кои минатиот викенд го соборија претседателот Башар ал Асад, ставајќи крај на 13-годишната граѓанска војна.
Турција повторно ја отвори својата амбасада во Дамаск во саботата, два дена откако нејзиниот шеф на разузнавањето ја посети сириската престолнина.
„Во својата прва изјава, новата администрација што го собори Асад објави дека ќе ги почитува ите владини институции, Обединетите нации и другите меѓународни организации“, им рече Ѓулер на новинарите во Анкара во коментарот објавен во неделата.
„Сметаме дека треба да видиме што ќе направи новата администрација и да им дадеме шанса“, рече тој.
На прашањето дали Турција размислува за воена соработка со новата сириска влада, Ѓулер рече дека Анкара веќе има договори за воена соработка и обука со многу земји.
„(Турција) е подготвена да ја обезбеди потребната поддршка доколку новата администрација го побара тоа“, додаде тој.
Од 2016 година, Турција започна четири воени операции во големи делови од северна Сирија, наведувајќи ги заканите за националната безбедност. Се проценува дека Турција има неколку илјади војници во градовите како Африн, Азез и Џараблус во северозападна Сирија и Рас ал-Аин и Тел Абјад на североисток.
Анкара би можела да разговара и да го разгледа прашањето за военото присуство на Турција во Сирија со новата сириска администрација „кога ќе се појават неопходните услови“, рече Ѓулер. Приоритет на Турција останува елиминацијата на курдската милиција YPG и тоа јасно му го кажа на Вашингтон, рече Ѓулер.
Сириските демократски сили (SFF), кои контролираат некои од најголемите нафтени полиња во Сирија, се клучен сојузник на американската коалиција против милитантите на Исламската држава. Тие се предводени од курдстака милиија Eдиници за заштита на народот (YPG), група која Анкара ја гледа како продолжение на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), чии милитанти се борат против турската држава веќе 40 години.
„Во новата ера, терористичката организација PKK/YPG во Сирија ќе биде елиминирана порано или подоцна. Членовите на организацијата кои дојдоа надвор од Сирија ќе ја напуштат Сирија. Тие што се Сиријци ќе го положат оружјето“, додаде Ѓулер.
Ѓулер, за разлика од американските процени, рече дека Турција не гледа знаци за заживување на Исламската држава во Сирија.
Слични новости
Медиумите и телекомуникациите на полската листа стратешки компании
Полска ќе додаде неколку медиумски и телекомуникациски компании на својата листа стратешки компании, што значи дека тие не можат да се продаваат без одобрение од владата
Највисокиот француски суд ја потврди пресудата против Саркози за корупција
Саркози поднесе жалба на пресудата од 2021 година, со која беше осуден на три години затвор, од кои две беа условни и една година дека може да ја одлежи дома со електронска нараквица
Нетанјаху: Израел останува на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне нов договор
Израел ќе остане на стратешката локација на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне поинаков договор, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху