Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ги повика сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, бидејќи Турција има капацитет и способност да ги уништи сите терористички организации во земјата, вклучително и курдската милиција во соседната земја и Исламската држава.
За време на говорот во парламентот, Ердоган рече дека курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), поддржана од САД, која Анкара ја смета за сириско крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која војува за независност со турската држава од 1980-те, го претставува најголемиот проблем во Сирија по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад.
Ердоган додаде дека групата „ќе го дочека својот крај доколку не го остави оружјето“. Покрај тоа, рече дека доколку PKK го игнорира повикот на нејзиниот историски водач Абдула Оџалан да започне преговрои го остави оружјето, Турција ќе ја постигне својата цел за елиминација „на друг начин“
Слични новости
Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток.
Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави
Во Свиленград денеска ќе се одржи официјалната церемонија со која ќе започнат активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница, соопшти бугарското МВР
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „што е можно поскоро“
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговорите со професорите и претставниците на универзитетите треба да започнат што е можно поскоро