Турција е подготвена да прифати „некои Палестинци“ ослободени од Израел според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, изјави во неделата во Доха турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
Во текот на шестнеделната прва фаза од договорот за прекин на огнот, вкупно 33 израелски заложници, од кои осум се мртви, треба да му бидат предадени на Израел во замена за околу 1.900 палестински затвореници.
Во замена за саботното ослободување од Хамас на тројца израелски заложници заробени во крвавиот напад на 7 октомври 2023 година, Израел ослободи 182 Палестинци и еден Египќанец.
Ова се податоци од Клубот на палестинските затвореници. Тие имаат информации дека 150 затвореници биле превезени со автобуси во Појасот Газа, 25 до окупираниот Западен брег, а осуммина, меѓу кои и еден Египќанец, биле депортирани во Египет.
„Нашиот претседател рече дека сме подготвени да примиме некои од ослободените Палестинци за да ја поддржиме имплементацијата на договорот. Турција, заедно со другите земји, ќе направи сѐ што е потребно за да обезбеди дека договорот за прекин на огнот ќе се одржи и ќе продолжи да се спроведува“, рече Фидан на прес-конференција одржана во Доха заедно со катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани.
На состанокот зад затворени врати, двајцата официјални лица главно разговарале за „случувањата на окупираните палестински територии и ситуацијата во Сирија“, рече ал-Тани.
„Нагласуваме колку е важно сите страни да ги почитуваат сите одредби од договорот и да започнат со спроведување на неговата втора фаза“ од прекинот на огнот со посредство на САД, Египет и Катар, рече катарскиот премиер.
Израел во саботата вечерта потврди дека преговорите за условите од втората фаза од договорот за прекин на огнот, чија цел е ослободување на преостанатите заложници и завршување на војната, ќе продолжат во понеделник во Вашингтон.
Слични новости
Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини
Грчките власти ги советуваа жителите на егејскиот остров Санторини да ги затворат училиштата во понеделник, да избегнуваат две мали пристаништа и да се воздржат од собирање во затворени простории по зголемената сеизмичка активност во областа последните денови
Блокадата на мостот Слобода во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
Студенти на три новосадски факултети во блокада, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, како и моторџии и граѓани, вчера ги блокираа сите три моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица
Заврши блокадата на два од трите моста во Нови Сад – Жежељскиот и Варадинскиот се проодни, мостот Слобода ќе биде блокиран до утре попладне
Српските студенти денеска блокираа три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешница на градската железничка станица.