Претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Хачиосманоглу, во средата соопшти дека големото дерби од 25. коло од домашниот шампионат меѓу Галатасарај и Фенербахче кое ќе се одигра во понеделник на 24 февруари ќе го суди странец.
„За да не ги доведеме нашите судии во тешка позиција, ќе ангажираме странски судија од светска класа за овој натпревар. Во врска со ова е извршена кореспонденција и добиени се потврди“, изјави Хачиосманоглу.

Галатасарај моментално води на табелата со шест бодови пред второпласираниот Фенербахче, а тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо минатиот викенд изјави дека неговиот тим „во нормални околности би имал осум или девет бода предност“, јасно алудирајќи на тоа дека наводно судиите во голема мера му помагаат на Галатасарај, кој наводно има поддршка од владејачките структури.
Пред десет дена фудбалерите на Адана Демирспор го напуштија теренот по половина час игра против Галатасарај во знак на протест поради досуден пенал за Галатасарај, иако според нив немало прекршок.
Галатасарај ги освои последните две турски првенства, додека најголемиот истанбулски ривал Фенербахче последен пат беше шампион во 2014 година.
Слични новости
Нов деветти пораз на Манчестер сити овој пат од Нотингем Форест
Би Би Си објави дека за прв пат откако менаџер на тимот е Пеп Гвардиоала Манчестер сити може да не учествува во Лигата на шампионите
Историски трипл дабл на Јокиќ во победата на Денвер врз Феникс
МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА што на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени, 20 скокови и 20 асистенции.
Кадилак и официјално во Формула 1 од 2026.
Во петокот беше официјално објавено дека тимот на Кадилак ќе учествува на Светското првенство во Формула 1 од 2026 година