Турското кафе е внесено во регистарот на ЕУ како име на „гарантиран традиционален продукт“, соопшти Сојузот на трговските комори и берзи на стоки на Турција (TOBB).

Гарантиран традиционален продукт е назив на ЕУ за производи од селските домаќинства и прехранбени продукти произведени по традиционални методи и од традиционални суровини или состојки.

Регистрацијата е направена по молба од TOBB и таа е веќе објавена во Службен весник на ЕУ.

Процесот за регистрирање одзел три месеца, а турското кафе е првиот „гарантиран традиционален продукт“ од Турција регистриран во ЕУ, соопшти TOBB.

„Турското кафе, еден од најдлабоко вкоренетите симболи на нашата култура е вклучено и во Списокот на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО. Со историјат од над 500 години, тоа не е само напивка, туку и симбол на нашето гостопримство, заедништво и пријателство“, се вели во соопштението.

Исто така, кајтаз-бурекот (Kaytaz böreği) и лахмаџунот од Газиантеп се сертифицирани во ЕУ за заштитено географско потекло.

globe

Слични новости

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.