Канада ќе одговори веднаш и силно доколку САД ја исполнат заканата за воведување царини, изјави во петокот премиерот Џастин Трудо, предупредувајќи ги Канаѓаните дека може да се соочат со тешки времиња.

Претседателот Доналд Трамп ја одреди саботата како краен рок за воведување царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико. Тој вели дека сака посилни потези за да се запре протокот на илегални имигранти и опиоидниот фентанил во САД, кој е причина за прерана смрт на стотици илјади Американци годишно.

Трудо, во говорот одржан пред советодавниот совет за односите меѓу Канада и САД, рече дека земјата се наоѓа во критичен момент.

„Подготвени сме кога станува збор за одговор – целисходен, силен, но во исто време разумен и моментален одговор. Тоа не е она што го сакаме, но ако тој (Трамп) почне да дејствува, тоа ќе го сториме и ние“, рече Трудо во изјава за телевизиските канали додавајќи дека „сите опции се на масата“.

Канада испорачува 75 отсто од своите извезени стоки и услуги во САД, а доколку Трамп ги исполни своите закани за царини, канадската економија ќе биде силно погодена.

„Нема да користам благи зборови, но морам да ве предупредам дека нашата нација може да се соочи со тешки времиња во деновите и неделите што следат. Знам дека Канаѓаните можеби се вознемирени и загрижени, но сакам да знаат дека федералната влада и сите нејзини вработени се цврсти и решителни“, рече Трудо.

globe

Слични новости

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција