Најавените американски царини за канадскиот извоз во САД се одложени за најмалку триесет дена, објави во понеделникот канадскиот премиер Џастин Трудо зборувајќи за мерките коишто требаше да стапат на сила во вторникот.

Трудо и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале двапати телефонски во понеделникот во обид да ја запрат трговската војна, пишува The New York Times. Вториот разговор се одржал неколку часа откако САД се согласија да ги одложат царините објавени против Мексико, исто така, за триесет дена.

 

Трудо изјави дека Канада ќе ја зголеми безбедноста на границата со САД за да го спречи шверцот на фентанил. Белата куќа сѐ уште не потврди дека мерките се одложуваат, но Трамп претходно изјави дека разговорот со канадскиот премиер поминал „многу добро“, пренесува Reuters.

Мексико се согласи да ја зајакне својата северна граница со десет илјади припадници на Националната гарда за да ја запре илегалната миграција и шверцот на дрога.

Покрај Мексико и Канада, Трамп најави и царини за увоз од Кина, а овие мерки треба да стапат на сила во вторник.

globe

Слични новости

Отворена кривична истрага против сопругата на Бенјамин Нетанјаху

Отворена кривична истрага против сопругата на Бенјамин Нетанјаху

Отворена е кривична истрага против Сара Нетанјаху, сопругата на израелскиот премиер, објави во неделата израелското државно обвинителство како одговор на опозицискиот пратеник кој побара кривично гонење против сопругата на Бенјамин Нетанјаху

Американските демократи избраа нов лидер

Американските демократи избраа нов лидер

Настојувајќи да ја обнови партијата по поразот на изборите од Доналд Трамп во ноември, Демократскиот национален комитет (DNC) во саботата го избра Кен Марин, лидерот на партијата во Минесота, за нов претседател