Најавените американски царини за канадскиот извоз во САД се одложени за најмалку триесет дена, објави во понеделникот канадскиот премиер Џастин Трудо зборувајќи за мерките коишто требаше да стапат на сила во вторникот.
Трудо и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале двапати телефонски во понеделникот во обид да ја запрат трговската војна, пишува The New York Times. Вториот разговор се одржал неколку часа откако САД се согласија да ги одложат царините објавени против Мексико, исто така, за триесет дена.
Трудо изјави дека Канада ќе ја зголеми безбедноста на границата со САД за да го спречи шверцот на фентанил. Белата куќа сѐ уште не потврди дека мерките се одложуваат, но Трамп претходно изјави дека разговорот со канадскиот премиер поминал „многу добро“, пренесува Reuters.
Мексико се согласи да ја зајакне својата северна граница со десет илјади припадници на Националната гарда за да ја запре илегалната миграција и шверцот на дрога.
Покрај Мексико и Канада, Трамп најави и царини за увоз од Кина, а овие мерки треба да стапат на сила во вторник.
Слични новости
Волстрит џурнал: Најглупавата трговска војна во историјата
Ова е е самонанесена рана на американската економија. Очекувам зголемување на инфлацијата затоа што нивото на цените ќе порасне кога ќе биде...
Мексико порача дека ќе одговори на царините на Трамп
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум нареди воведување царини како одговор на одлуката на САД да воведат царина од 25 отсто за стоките што доаѓаат од Мексико, во услови на избувнување на трговска војна меѓу двете соседни земји
Рубио извршил притисок врз Панама поради кинеското влијание врз Панамскиот канал
Американскиот државен секретар Марко Рубио ја предупреди Панама да преземе итни чекори за да одговори на загриженоста на САД за кинеските компании кои управуваат со пристаништа во близина на каналот, за кои претседателот Доналд Трамп рече дека претставуваат закана за националната безбедност на САД