Најавените американски царини за канадскиот извоз во САД се одложени за најмалку триесет дена, објави во понеделникот канадскиот премиер Џастин Трудо зборувајќи за мерките коишто требаше да стапат на сила во вторникот.

Трудо и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале двапати телефонски во понеделникот во обид да ја запрат трговската војна, пишува The New York Times. Вториот разговор се одржал неколку часа откако САД се согласија да ги одложат царините објавени против Мексико, исто така, за триесет дена.

 

Трудо изјави дека Канада ќе ја зголеми безбедноста на границата со САД за да го спречи шверцот на фентанил. Белата куќа сѐ уште не потврди дека мерките се одложуваат, но Трамп претходно изјави дека разговорот со канадскиот премиер поминал „многу добро“, пренесува Reuters.

Мексико се согласи да ја зајакне својата северна граница со десет илјади припадници на Националната гарда за да ја запре илегалната миграција и шверцот на дрога.

Покрај Мексико и Канада, Трамп најави и царини за увоз од Кина, а овие мерки треба да стапат на сила во вторник.

globe

Слични новости

Експлозија во Москва: Високо рангиран проруски паравоен припадник почина во болница

Експлозија во Москва: Високо рангиран проруски паравоен припадник почина во болница

Армен Саркисијан, висок припадник на проруските паравоени сили од источна Украина, почина во понеделник во болница од повреди здобиени во експлозија на бомба во станбен комплекс во Москва

Трамп: УСАИД го водат куп радикални лудаци

Трамп: УСАИД го водат куп радикални лудаци

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја водат „куп радикални лудаци“ и дека со неа лошо се управува, како и дека ќе ги исфрли „лудаците“ од оваа агенција пред да донесе одлука за нејзината иднина.