Најавените американски царини за канадскиот извоз во САД се одложени за најмалку триесет дена, објави во понеделникот канадскиот премиер Џастин Трудо зборувајќи за мерките коишто требаше да стапат на сила во вторникот.
Трудо и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале двапати телефонски во понеделникот во обид да ја запрат трговската војна, пишува The New York Times. Вториот разговор се одржал неколку часа откако САД се согласија да ги одложат царините објавени против Мексико, исто така, за триесет дена.
Трудо изјави дека Канада ќе ја зголеми безбедноста на границата со САД за да го спречи шверцот на фентанил. Белата куќа сѐ уште не потврди дека мерките се одложуваат, но Трамп претходно изјави дека разговорот со канадскиот премиер поминал „многу добро“, пренесува Reuters.
Мексико се согласи да ја зајакне својата северна граница со десет илјади припадници на Националната гарда за да ја запре илегалната миграција и шверцот на дрога.
Покрај Мексико и Канада, Трамп најави и царини за увоз од Кина, а овие мерки треба да стапат на сила во вторник.
Слични новости
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
Податоците на УЈП покажуваат дека граѓаните вчера оставиле двојно помалку пари споредено со денот претходно, но и споредено со минатиот петок.
Рубио најави посети на Латинска Америка и лидерство на САД на западната хемисфера
Рубио рече дека американската надворешна политика предолго се фокусирала врз други региони додека ги превидела оние во нејзината близина, занемарувајќи ги партнерите и пријателите.
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
Повикот за бојкот ги остави речиси празни најголемиот дел од маркетите, а намалено беше и пазарењето во помалите продавници и на пазарите.