Најмалку три лица се убиени, а пет се повредени во напад со нож во метрото во Тајпеј во петокот, изјави портпаролот на противпожарната служба за AFP, додавајќи дека напаѓачот е исто така мртов.
Мотивот за нападот сè уште не е познат, изјави премиерот Чо Јунг-таи за новинарите, додавајќи дека станува збор за „намерен“ чин. Напаѓачот носел маска и фрлил „пет или шест молотови коктели или чадни бомби“ кон главната станица на метрото, рече тој.
Градоначалникот Чианг Ван-ан рече дека осомничениот веројатно „извршил самоубиство скокајќи од зграда за да избегне апсење“ и дека една од жртвите починала обидувајќи се да го спречи нападот.
Властите ги удвоија безбедносните мерки низ целиот остров по инцидентот. Сите главни локации – железнички станици, автопати, станици на метрото и аеродроми – се во состојба на зголемена готовност, рече премиерот.
Претседателот Лаи Чинг-те вети дека властите брзо ќе го решат случајот.
Насилните злосторства се ретки во Тајван. Но, во 2014 година, сличен напад врз метрото во Тајпеј ги исплаши граѓаните. Напаѓачот убил четири лица со нож. Тој за тоа беше погубен во 2016 година.
Слични новости
Украина започнува нова рунда разговори со САД
Украинските мировни преговарачи во петокот започнуваат нова рунда разговори со американскиот тим за предлози за прекин на војната со Русија, изјави шефот на делегацијата од Киев, Рустем Умеров
Францускиот парламент не постигна договор за буџетот за 2026 година
Француските пратеници не успеаја во петогот да постигнат компромисен закон за буџетот за 2026 година, според кој намалувањето на јавните трошоци ќе продолжи во новата година и ќе се гласа за итен привремен буџет додека не се донесе вистински
Москва за одлуката на ЕУ за финансирање на Украина: „Правото и здравиот разум преовладаа“
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина во ноќта од четврток кон петок


