Три лица починаа откако на холандски крузер се појавил Ханта вирус, вирус што потекнува од глодари, кој може да предизвика фатални респираторни заболувања. Компанијата „Оушнвајд експедишнс“ соопшти дека се справува со сериозна медицинска ситуација на бродот „Хондиус“, кој во последните 24 часа се наоѓа покрај островската држава Зелен ‘Рт во Тихиот Океан.
„Две лица починаа на самиот брод, а третото по слегувањето. Меѓу починатите се сопружници на возраст од 70 и 69 години. Двајца членови на екипажот имаат симптоми“, соопшти компанијата.Крузерот со околу 150 патници испловил од Аргентина пред три недели и застанал на Антарктик и други места, пред да стигне до Зелениот ‘Рт.
Лабораторските испитувања го потврдија Ханта вирусот.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
