Три лица загинаа во неделата при пад на мал авион во близина на фудбалското игралиште во Ганчани на крајниот исток на Словенија, соопшти полициската управа на Мурска Собота.
Како што јави порталот Sobotainfo, во авионот на Мариборскиот авијациски центар имало три лица кои не ја преживеале несреќата. Според првичните информации на порталот, во авионот требало да има четири лица, но едно од нив не учествувало во летот. Се претпоставува дека во авионот имало мештани од Прекмурје.
Авионот на воздухопловниот центар во Марибор полетал од аеродромот во Марибор, каде што времето беше сончево, кон Прекмурје, каде имало густа магла, која исто така наводно придонела за несреќата.
Претставникот на воздухопловниот центар Марибор, Вили Колар, за локалното мариборско радио потврди дека станува збор за нивниот авион.
„Во планот на летот видовме дека авионот полетал во 11 часот. За оваа вест бевме информирани од други, но контролата на летање не можеше да ја потврди бидејќи авионот беше надвор од контролната област на Марибор“, објасни тој.
Според првите сознанија на полицијата паднал помал авион. Надлежните служби се на лице место и вршат увид. Полицијата, истражниот судија, обвинителот се на местото на настанот, а чека и воздухопловниот инспектор.
Слични новости
Српската полиција го уапси поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ и уште 10 лица поради трагедијата во Нови Сад
Доскорешниот министер за градежништво Горан Весиќ е упасен, јавија српските медиуми. Освен него, упасени се и Анита Димовски помошник министер за железнички и интермодален транспорт и Јелена Танасковиќ вд генерален директор на „Инфратсруктурата на железниците на Србија“. До сега се упасени вкупно 11 лица.
Уапсени 11 лица за уривање на настрешницата на станицата во Нови Сад
Уапсените се осомничени за повеќе кривични дела предизвикување јавна опасност, тешки кривични дела против општата безбедност и неправилни градежни работи. За овие дела е пропишана затворска казна од две до 12 години
Касаноф: Очекувам континуитет на американската политика кон Западен Балкан
Вашингтон во последните три децении води континуирана политика кон Западен Балкан и очекувам така да остане, изјави заменикот на помошник државниот секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф