Високобуџетниот акциски филм „Трон:Арес“ кој е трет дел од франшизата викендот заработи околу 35 милиони долари на американскиот Бокс Офис, а студиото Дизни е во големи проблеми, затоа што продукцијата на филмот чинеше 180 милиони долари, без средства за маркетинг промоција на филмот.

Дизни се надеваше на премиерниот викенд филмот да зарботи меѓу 45 и 50 милиони долари, па конечните цифри се разочаруваќки, иако филмот е убедливо прв на Бокс Офисот.

Роматичната комедија „Руфмен“ на студијата Мирамакс и Парамаунт е втор на Бокс офисот со заработка од околу 10 милиони долари, што е исто така под очекувањата. Филмот е во режија на Дерек Чианфранс, а главните улоги ги толкуваат ѕвездите Чанинг Тејтум и Кирстен Данст.

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година