По повод Меѓународниот ден на исчезнати деца денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“ во организација на невладината организација „Новинари за човекови права“.

Целта е, како што се посочува, да се дискутира за можностите и предизвиците во процесот на законско усогласување и потребни измени во насока на унифицирање на систем на национално алармирање за исчезнати деца.
„Целта е да се споделат мислењата, ставовите, како и да се продискутираат можностите помеѓу засегнатите страни – институции, медиуми и други даватели на услуги за ефективно имплементирање на унифицирани протоколи за алармирање. Заклучоците од тркалезната маса би послужиле како предлог – стратегии за законски измени со цел институционализирање на системот за алармирање за исчезнати деца“, информираат организаторите.
Слични новости
Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир
Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана.
Нов министер за здравство ќе се бира во понеделник, на дневен ред и предлогот за заменик во земјоделие
Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, в понеделник ќе се најдат пред пратениците.
Вајц го одложил гласањето по извештајот за да можат да се ажурираат лоби регистрите
На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни.