Во Уставниот суд во Скопје денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“. Настанот има за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор.

Воведни обраќања ќе имаат Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, Дарко Костадиновски,  претседател на Уставниот суд, Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија, Петра Дрекслер , амбасадорка на Германија и Анџела П. Агелер, амбасадорка на САД.

Потоа следува презентација на наодите од анализата за потребата од донесување на Закон за Уставниот суд, изработена во рамки на ЕУ-финансиран проект, со говорниците Карстен Манке, тим лидер, и вишите правни експерти Мартин Сопронов и Маргарита Цаца Николовска.

Ставовите на судиите од Уставниот суд ќе ги образложат судиите Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева, додека, мислења од претставници на правната струка ќе споделат професорите Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Денис Прешова и Рената Дескоска.

Од граѓанскиот сектор ставовите ќе ги изнесат Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“ и Бојан Трпевски од Асоцијација на млади правници на Македонија.

globe

Слични новости

Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро

Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро

Уставниот суд има потреба од закон за доуредуѕвање и статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро, порача претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по отворањето на тркалезната маса

Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП годинава, а 2,5 во 2026. предвидува Светската банка

Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП годинава, а 2,5 во 2026. предвидува Светската банка

Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан