Посрамениот актер Кевин Спејси се соочува со три нови обвинувања за сексуален напад пред судот во Лондон следната година. Би Би Си објави дека обвинувањата се поднесени од тројца различни мажи, а сеуште не е јасно дали трите случаи ќе бидат во еден судски процес или три одделни. Судијата во Лондон го определи 12 октомври 2026 за почеток на судскиот процес.
Оскаровецот формално ги демантираше обвинувањата за две од трите обвинувања, а сеуште не поднел документи за одбрана за третиот случај.
Кевин Спејси претходно соопшти дека поради обвинувањата неговата кариера е пропадната, како и дека е финансиски уништен и морал да ја продаде својата куќа во Филаделфија и дека размислува да прогласи личен банкрот.
Слични новости
Основачот на швајцарската група за право на смрт почина со асистирано самоубиство
Шефот на швајцарската организација за право на смрт Dignatis почина со потпомогнато самоубиство, соопшти групата во неделата
Почина британскиот драматург Том Стопард
Сер Том Стопард, еден од најпознатите британски драматурзи, почина на 88 години, соопштија неговите агенти
Австралискиот премиер Ентони Албаниз се ожени на приватна церемонија
Австралискиот премиер Ентони Албаниз се ожени со својата партнерка со која е во врска пет години, Џоди Хејдон, на приватна церемонија во The Lodgeu, официјалната резиденција на премиерот во Канбера


