Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 16.12.2024 година, регистрира три земјотреси во различни делови од Републиката.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата:
Во 01 часот и 12 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 111 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL3.3 и е почувствуван во Валандово, Богданци и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во 01 часот и 14 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL2.2 и е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во 01 часот и 22 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопје со Рихтерова локална магнитуда МL2.7 и е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Слични новости
Прекинот на вода во Скопје ќе биде од 22 часот во петок до санирање на дефектот
За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.
Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара
Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити,...
Амбасадорката Агелер не коментира за чекорите на Обвинителството по американското назначување на функционери за корупција
Aмбасадорката на Соединетите држави во Македонија, Анџела Агелер не коментираше во вторникот во врска со отворените истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на „црна листа“ како осомничени за корупција