Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег.
Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска.
„Судот обинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновен, и му изрекува ефективна казна затвор во траање од три години, која што е максимална предвидена за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува споредна казна забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од пет години“, кажа судечкиот судија Јордан Jованов при изрекувањето на пресудата.
Судскиот процес траеше четири ипол години, а оштетената Веапоска изрази задоволство од изречената казна, со забелешка дека вина во случајот има и второобвинетиот, кој како специјализант присуствувал при вршењето на царскиот рез.
Слични новости
Владата го реактивира разрешувањето на јавниот обвинител Коцевски
До крајот на месецот владата ќе го активира разрешувањето на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во Собранието, потврди премиерот Христијан Мицкоски
Мајките на жртвите од „Пулс“ со транспарент дека постои вина за загубени 63 млади животи
Тие пред судницата поставија транспарент на кој се 63 те жртви како потесетување за големата трагедија и згаснатите животи.
Скопје во црвена зона на загаденост
Најнезадрав за дишење е воздухот во Центар каде што индексот на загаденост е 164 што е во категоријата нездраво, а потоа следува Карпош со 128.


