Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.
Иако прекинот на огнот ги намали најинтензивните борби, според извештаите на агенциите израелските напади продолжуваат речиси секојдневно.
Министерството за здравство во Газа известува за повеќе од 74.000 загинати Палестинци од почетокот на војната.
Во градот Газа, многу населби се претворени во урнатини, а дел од луѓето се принудени да живеат во тешко оштетени куќи без соодветни услови.
Раселените лица велат дека се соочуваат со недостиг од храна, вода и безбедно засолниште… По три години војна, нивните очекувања се сведуваат на основни потреби – безбедност, дом и мир.
Слични новости
Рубио до сојузниците: САД во моментов не планираат нови удари врз Иран
Американскиот државен секретар Марко Рубио ги извести сојузниците на САД дека Вашингтон во овој момент не планира нови напади врз Иран и дека наместо кон воена акција ќе се насочи кон заострување на санкциите и други облици на притисок врз Техеран.
Хегсет: Освен санкциите САД не ја исклучуваат и употребата на воена сила против Иран
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американската администрација не ја исклучува употребата на воена сила против Иран, иако официјален Вашингтон воведе ригорозни санкции против Иран.
Трамп се заканува, а Карни оцени дека САД сакаат да ја потчинат Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на канадските лидери „да се повинуваат или ќе се соочат со последици кои ќе бидат многу полоши од царините“.


