По две години масовни студентски и граѓански протести во Србија вчера беа одржани парламентарни избори на кои убедливо победи „Студентската листа-Студентите победуваат“. Александар Вучиќ го призна поразот, а ширум земјата граѓаните излегоа на улиците да ја прославуваат победата на Студентската листа.

Според сеуште неофицијалните резултати „Студентската листа“ освои 140 мандати во парламентот со 250 седишта и има комотно мнозинство за формирање на влада. Напредњаците на Вучиќ ќе имаат 103 пратеници, а во парламентот ќе бидат симболично застапени и партии на малцинствата: Унгарците, Бошњаците и Албанците.

Илјадници луѓе останаа на централните улици на Белград доца по полноќ, прославувајќи ја победата на студентите и падот на режимот на Александар Вучиќ по 14 години владеење.

Полицијата која беше распоредена во текот на денот по објавувањето на резултатите се повлече, а славјето помина без ниту еден инцидент.

Студентите го откорнаа и „Чациленд“ просторот со шаторите на приврзаниците на Вучиќ, кој беше симбол на политичка манипулација наспроти автентичната волја на студентите и граѓаните.

Изборниот ден мина во безмалку референдумска атмосфера со огромна излезност на граѓаните на гласачките места уште од раните утрински часови, а таков амбиент имаше и кај српската дијаспора, особено кај младите, кои трпеливо чекаа со часови да гласаат во српските дипломатски претставништва во странство.  

 

Слични новости

На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

На Ива Михаилова, обвинета за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ќе ѝ се суди во отсуство. Вака реши Јавното обвинителство по предлог на Основното Јавно обвинителство Кочани.