По две години масовни студентски и граѓански протести во Србија вчера беа одржани парламентарни избори на кои убедливо победи „Студентската листа-Студентите победуваат“. Александар Вучиќ го призна поразот, а ширум земјата граѓаните излегоа на улиците да ја прославуваат победата на Студентската листа.
Според сеуште неофицијалните резултати „Студентската листа“ освои 140 мандати во парламентот со 250 седишта и има комотно мнозинство за формирање на влада. Напредњаците на Вучиќ ќе имаат 103 пратеници, а во парламентот ќе бидат симболично застапени и партии на малцинствата: Унгарците, Бошњаците и Албанците.
Илјадници луѓе останаа на централните улици на Белград доца по полноќ, прославувајќи ја победата на студентите и падот на режимот на Александар Вучиќ по 14 години владеење.
Полицијата која беше распоредена во текот на денот по објавувањето на резултатите се повлече, а славјето помина без ниту еден инцидент.
Студентите го откорнаа и „Чациленд“ просторот со шаторите на приврзаниците на Вучиќ, кој беше симбол на политичка манипулација наспроти автентичната волја на студентите и граѓаните.
Изборниот ден мина во безмалку референдумска атмосфера со огромна излезност на граѓаните на гласачките места уште од раните утрински часови, а таков амбиент имаше и кај српската дијаспора, особено кај младите, кои трпеливо чекаа со часови да гласаат во српските дипломатски претставништва во странство.
Слични новости
Урсула фон дер Лајен: На Украина денеска и се одобрени 6,1 милијарди евра за одбрана
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер лајен денеска објави дека ЕУ на денот на независноста на Украина одобрила 6,1 милијарди евра за системите за противвоздушна одбрана и дека со тоа и ја покажува на Украина својата непоколеблива поддршка.
Саудиска Арабија, Турција и Пакистан го повикаа Иран да се придружи на пактот од Мека
Висок ирански службеник Мехди рахими изјави дека Иран добил понуда да му се приклучи на одбранбениот пакт од Мека и дека тоа прашање Техеран го разгледува.
Иранскиот претседател смета дека американскиот меморандум е најдобриот излез од ситуацијата „ниту војна ниту мир“
Иако нагласи дека Техеран нема намера да се повлече пред своите противници, Пезешкијан го поврза договорот и со економските перспективи на Иран, велејќи дека земјата не може да привлече инвестиции во оваа застојана фаза.


